Заев одбил оставка од Анѓушев

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на 1 ТВ индиректно потврди дека вицепремиерот Кочо Анѓушев му ја понудил својата оставка откако во јавноста беше критикуван бидејќи неговата компанија „Брако“ добила тендер од 39.000 евра.

Јас сум среќен што моите министери и функционери кога има напади или обвинувања кон нив зборуваат за повлекување. Луѓето не се венчани за функцијата. Не можам да прифатам одговорност на Анѓушев да биде симнат, затоа што некој комерцијалист во фирмата каде тој има удел решил да потпише апликација, вели Заев.