Заев одлучил да присуствува на седницата на Советот за безбедност

На седницата на Советот за безбедност, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во име на граѓаните, ќе побара објаснување кој, зошто и со каква цел ја дестабилизира Македонија, дали воопшто кризата во Куманово е завршена и дали е точно дека и во некои други региони има инфилтрирано вооружени групи? Дали безбедносните служби знаеле од порано за оваа вооружена група и од кога?

„Одлучив да присуствувам на денешната седница на Советот за безбедност, но моето присуство не значи дека јас и опозицијата даваме легитимитет за сето она што државните институции го правеа изминатите неколку години а особено последниве неколку месеци. Нашите ставови за капацитетот и легитимитетот на оваа власт се познати, од нив не отстапуваме. Но денеска имаме друг приоритет, да се спречи процесот кој очигледно води кон дестабилизација на државата и загрозување на безбедноста на граѓаните, истакна Заев на денешната прес конференција.