Политика

Заев не ја признава одлуката на судот за „Пуч“

Заев не ја признава одлуката на судот за „Пуч“
снимките од телефонски разговори и траснкрипти од истите приложени како доказ во предметите за сторено кривично дело треба да се издвојат како незаконски прибавени докази бидејќи согласно чл. 12 с.2 од ЗКП не може да се користат и врз нив да се заснова судска одлука

Не го признавам правосудството како независна власт по Устав и по закон и нема да присуствувам на закажаните судски рочишта, истакна денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како реакција на  одлуката на Основниот суд Скопје 1 – Скопје да го прифати обвинението во случајот „Пуч“.

Заев не ја признава одлуката на судот за „Пуч“, и нема да ја почитува мерката да се јавува во судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување на присуство за водење на отворената кривична постапка.

„Со ваквото мое јавно соопштение, судот е должен согласно Законот за кривична постапка, веднаш да изрече мерка притвор и да ме лиши од слобода. Ја очекувам од денеска оваа одлука на судот“, рече Заев.

Според него судот му нема дадено никакво објаснување за одбивање на разумните приговори на обвинението.

„Вчерашната политичка одлука на судот за Пуч го потврди секој збор од Извештајот на европската експертска комисија предводена од Рајнхард Прибе: за атмосфера на притисок врз судството во Македонија, за фамилијарна поврзаност на функционери именувани од извршната власт со Јавното обвинителство, за ризична средина за конфликт на интереси“, вели Заев.

Тој информираше дека „независно од притисоците врз мене“, преговорите со Никола Груевски и со власта ќе продолжат.