Заев ослободен за „Поткуп“

Премиерот Зоран Заев е ослободен од обвинение за случајот „Поткуп“, пресуди денеска Кривичниот суд Скопје.
Пред изрекување на пресудата, судијата Дарко Тодоровски рече дека по преквалификување на обвинението, снимките добиени со посебни истражни мерки, на кои се гледа Заев како бара мито од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев, не се земаат во предвид како доказ во изрекување на пресудата.

Обвинетиот Зоран Заев не е виновен за делото за кое се товари и според Член 403 од Законот за кривична постапка е донесена ослободителна пресуда, рече судијата Тодоровски.

Тодоровски образложи дека, според законот, јавниот обвинител или тужителот не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетиот го сторил делото за кое се обвинува.

На завршните зборови од рочиштето обвинителката Валентина Бислимовска  го преквалификуваше делото за кое беше првично обвинет Заев, па тој беше  обвинет за поблага варијанта од кривичното дело поткуп.

Среќен сум затоа што довив ослобителна пресуда и конечно ја докажав мој невиност и дочекав правда. Очекував ослободителна пресуда, беше логично, затоа што се докажа тоа во судската постапка од презентираните докази. Се што сум правел во Струмица беше транспарентно. Апелирав да донираат, да бидат пример за граѓаните, рече премиерот Заев по објавувањето на пресудата.

Тој побара од институциите јавно да ја објават целата снимка од ПИ-мерките и рече ако му ја достават, тој самиот ќе ја објави за да се види дека не барал поткуп.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.