Заев: Остануваме на нашето уверување дадено пред граѓаните во врска со рудниците

Премиерот Зоран Заев имаше свое обраќање во средата на завршната конференција на тема „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на евро-атлантските интеграции“, по која одговарајќи на новинарски прашања даде уверување дека Владата ќе ги исполни ветувањето.

„Започнати се сите постапки. Јас уште еднаш ве уверувам дека секој правно-формален аспект ќе го искористиме за да останеме на нашето ветување дадено пред граѓаните. Ќе направиме сè“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Додаде дека намерата на владата е да ја спречи изградбата на рудниците.

„Сè што постои, како правно-формални опциин. Гледам дека има пропусти. Правните тимови работат. Ќе ги разгледаат сите овие резултати како заклучоци и ќе постапиме. Остануваме на нашето уверување дадено пред граѓаните во врска со рудниците“, уверува Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.