Расте притисокот врз Заев за оставка

Расте притисокот врз Заев за оставка

Револтот кај струмичани секојдневно расте поради негрижата на градоначалникот Зоран Заев. Тие во изминативе денови масовно побараа да се повлече од градоначалничката фунција поради немањето кредибилитет да го води градот и низата неисполнети ветувања дадени во пресрет на локалните избори за кои струмичани сметаат дека времето покажало оти тие се само празни зборови, пишува Курир.

Неговите сограѓани велат дека Заев не ги исполнува ветувањата и дека откако дојде на Бихаќка тој воопшто не се грижи за луѓето од кои го доби градоначалничкиот мандат.

Затоа тие бараат Заев да си поднесе оставка, да се распишат предвремени локални избори и на неговото место да дојде друг градоначаник кој ќе се грижи за Струмица.

Струмичани се сведоци на неисполнетите ветувања на Заев, а дел од нив живеат и во мизерни услови бидејќи градоначалникот не го исполнил ни основното, тие немаат водовод, канализација и асфалт на улиците.

Граѓаните на цела Македонија, не само на Струмица добро ги знаат ветувањата кои лидерот на СДСМ ги даде пред сограѓаните. Но струмичани најдобро знаат што се од тие ветувања останаа само празни лажни зборови.

Да потсетиме само на дел од нив. Пред последните градоначалнички избори, Заев ветуваше се и сешто само за да дојде до глас повеќе. Тој говореше дека ќе спроведе проекти вредни 1,2 милиони евра.

-Идната година општината ќе имплементира самостојно или по пат на јавно приватно партнерство шинтерска служба. Предвидовме значајни средства во буџетот за решавање на овој проблем со кучињата скитници, кој што е се повеќе изразен. Би рекол можеби најголемиот проект, покрај гасификацијата, за идната година е почетокот на изградбата на ново турско маало. Треба да знаат граѓаните, сите од цела општина Струмица, но тоа го знаат веќе граѓаните од турското маало кое што е кај транзитот кај терминалот, идната година почнуваме со изградба на нови објекти во горното турско маало. Вкупно мислам дека се 90 објекти  по просторниот план каде што треба да биде дислоцирано ова турско маало. Зошто таа локација? Ние веќе 3 години разговараме за оваа работа со граѓаните, на крај е ДУП, заради тоа што луѓето од турска националност кај терминалот живеат во субстандардни услови. Со ченгел се влече струја, се обрушуваат собички и куќички врз дечиња. Нема услови, тоа се социјални градби, но од социјална природа општината одлучи да влезе во еден ваков проект, рече Заев во декември 2012-та година.

Денес овие негови зборови немаат никакво значење. Ниту беше изградено новомодерно турско маало, ниту се изгради нов мултифункционален пазар помеѓу Агрокор и новата автобуска станица. Останаа дупки на улиците, неред и ѓубриште.

-Ќе изградиме нов мост и улица кај Агроберзата. Тоа е булеварот Братство единство, кој е изграден до самата река Водочница. Ќе изградиме нов мост и ќе почнеме со изградба на булеварското решение. Тоа е улица која поминува покрај новата автобуска станица. Една од локацијата е реализација на нов, модерен пазар мултифункционален. Со Комуналец разработуваме варијантата да отвориме пазар во вид на саемски простор. Два дена во неделата ќе го користат земјоделците, еден дел во неделата ќе се продаваат автомобили, еден ден луѓето ќе можат да го продадат стариот мебел од дома, еден ден во неделата ќе има цветен пазар. Се работи за површина од 44.000 метри квадратни, посочи Заев пред последните локални избори.

Што од сево ова исполни, а што беше лага, погледнете во сликите во продолжение.

z

z1

z2

z3

По сево ова, сосема е разбирлив гневот на струмичани кои немаат доверба во Заев и од него бараат да си замине. Пред три дена Коалицијата на невладини организации во Струмица,  побара предвремени избори на кои најавија дека Заев сигурно ќе си замине.

– Зоран Заев  самиот призна дека не е во Струмица и дека можат да го најдат во Скопје. Тој не е градоначалник на Струмица туку си тера своја агенда и се бори за свои интереси. Струмица е единствената општина каде при избран градоначалник-немаме градоначалник. Општината зад нас е празна зграда, без градоначалник, тој зема плата без да работи. Нема случај во светот каде градоначалникот зема плата за неработење. Дополнителни,Заев е човек без кредибилитет, човек кој е фатен жив како бара поткуп од 200.000 евра и човек кој се што вели и се што вети, излажа. Струмица трпи, струмичани се без градоначалник, човек со афери и криминални зделки, велат од Коалицијата на НВО од Струмица.

Тие потенцираат дека само така Зоран Заев треба и мора да се соочи со граѓаните на Струмица. Во текот на вчерашниот ден и струмичани порачаа дека Заев да си замине од позицијата градоначалник , да се соочи со народот и да распише нови локални избори.

Тие сметаат дека суштински Заев не е градоначалник на струмичани, туку само е лидер на неговата партија кој не обрнува ниту тронка внимание за градот Струмица и сака да ја втурне државата во пропаст.

-Заев наместо да бега и да држи пресови во Скопје и во други градови, нека дојде тука во Струмица, каде што ние граѓаните го плаќаме и нека објасни зошто ниту едно ветување не е исполнето, зошто ветувањата за нови канализации, нови водоводни системи, нови плоштади и осветлување-ништо од ова не е исполнето. Зошто Струмица е напуштена и е единствена општина без градоначалник. Зоран Заев е човек без образ и без кредибилитет и има изгубено контакт со реалноста. Со барањето на мито од 200.000 евра тој остана без образ и кредибилитет, вели Димитар Ангелов, еден од групата струмичани кои бараат оставка од градоначалникот.

maalo

Струмичани додаваат дека со криминалните тендери Заев докажал дека е нечесен, со својата не работа и лажните ветувања покажал дека не заслужува да биде градоначалник.

Пред два дена, пак, незадоволни граѓани повторно побараа Заев да си замине од градоначалничката фунција. Тие велат дека веќе 9 години слушаат како Заев ветува се и сешто, но ретко што исполнува.

 

-Со неговото заминување во Скопје, Струмица ја остави на цедило. Заев залудно се обидува да биде сериозен политичар создавајќи нереални програми со голем број ветени, но нереализирани проекти. Денес оваа изјава, ние граѓаните од овој дел од градот, сакаме да му поставиме неколку прашања на градоначалникот во заминување Зоран Заев. Каде е ветениот од вас одводен канал? Го ветивте да биде реализиран уште во 2012-та година. Дали улиците „Бошко буха“, „Бетовенова“ и патот кон гробиштата денес се реконструирани како што им ветивте на граѓаните кои живеат во тој дел од градот? Каде се новите канализации, тротоари, канделабри, новите клупи и канти за отпадоци кои им ги ветивте на граѓаните?  Каде се потрошените пари од буџетот на општината Струмица кои беа предвидени  за реализација на овие  проекти во вкупна вредност од 1.300.000 евра? Да ги потсетиме граѓаните на општина Струмица дека сме сведоци на овие дадени проекти од градоначалникот Заев кои се уште не се реализирани, останаа само празни ветувања и нереализирани проекти кои струмичани долго ќе ги паметат, изјави Абди Демиров од турското маало.

z1

Вчера, група граѓани од Струмица и неколку околни места се собраа пред објектот наменет за пречистителна станица. Наидоа на празна дупка меѓу циглени ѕидови која е само уште еден доказ дека ветувањата на Заев служат само за предизборна кампања.

Граѓаните го прашуваат  Заев  каде се обезбедените 9.800.000 евра наменети за пречистителна станица. За последиците од неговата негрижа говорат и еколозите.

-Ние како граѓани нема да престанеме да го потсетуваме на многуте негови неостварени ветувања.  Денес се наоѓаме пред пречистителна станица, објект кој градоначалникот Заев го најавуваше како капитален проект. Заев ветуваше дека проектот ќе се реализира и дека за него има обезбедено пари. Освен изградбата на пречистителна станица, Заев ветуваше дека ќе биде завршена и фазата за избор за набавка на технологии за истата. Како што се гледа, нема пречистителна станица. Заради неизградба на истата квалитетот на живот на граѓаните е во константно опаѓање, а згора на се и парите кои Заев ветуваше дека се обезбедени за реализација на истата е прашање каде завршиле, велат тие.

 

Заев, како во својата партија така и во својот роден град, дава лажни ветувања. Но, гневот и незадоволството кај сограѓаните е нешто од кое не може да побегне и со кое мора да се соочи на следните локални избори.