Притисокот врз Заев да си поднесе оставка расте

Притисокот врз Заев да си поднесе оставка расте

Расте притисокот врз струмичкиот градоначалник Зоран Заев да си замине од фунцијата и да распише предвремени градоначалнички избори. Наместо исполнети ветувања дадени во кампањата од локалните избори, струмичани немаат асфалт, дел од нив живеат во смет и прашини како во 19. Век.

Притисокот врз Заев да си поднесе оставка расте. Откако вчера невладини организации порачаа дека Заев нема кредибилитет и побараа избори за градоначалник на есен, денеска незадоволни граѓани повторно побараа Заев да си замине од градоначалничката фунција. Тие велат дека веќе 9 години слушаат како Заев ветува се и сешто, но ретко што исполнува, пишува Курир.

-Со неговото заминување во Скопје, Струмица ја остави на цедило. Заев залудно се обидува да биде сериозен политичар создавајќи нереални програми со голем број ветени, но нереализирани проекти. Денес оваа изјава, ние граѓаните од овој дел од градот, сакаме да му поставиме неколку прашања на градоначалникот во заминување Зоран Заев. Каде е ветениот од вас одводен канал? Го ветивте да биде реализиран уште во 2012-та година. Дали улиците „Бошко буха“, „Бетовенова“ и патот кон гробиштата денес се реконструирани како што им ветивте на граѓаните кои живеат во тој дел од градот? Каде се новите канализации, тротоари, канделабри, новите клупи и канти за отпадоци кои им ги ветивте на граѓаните?  Каде се потрошените пари од буџетот на општината Струмица кои беа предвидени  за реализација на овие  проекти во вкупна вредност од 1.300.000 евра? Да ги потсетиме граѓаните на општина Струмица дека сме сведоци на овие дадени проекти од градоначалникот Заев кои се уште не се реализирани, останаа само празни ветувања и нереализирани проекти кои струмичани долго ќе ги паметат, изјави Абди Демиров од турското маало.

Тој додаде дека на збороите на Заев не може да им се верува бидејќи и во неговиот трет мандат ја изневерил довербата која му е дадена од граѓаните на општина Струмица.

-Вие веќе одамна го изгубивте кредибилитетот кај граѓаните на општина Струмица. Затоа ве повикуваме час поскоро во знак на морален чин да си поднесете оставка од функцијата градоначалник и конечно струмичани да изберат градоначалник  кој ќе работи за интересите на граѓаните, а не лично и семејно богатење, додаде Демиров.

Неговиот сограѓанин Шукри Алиев вели дека  23 години живее на „Бетовенова улица“. Имало ветувања дека ќе им стават асфалт, канализација, ама ништо нема исполнето.

-Привремено имаме ставено асфалт, привремено вода, се е искршено, ниту кола ни ништо неможе да се качува горе.  Немаме ништо што ни ветуваа. Ние сме нешколувани луѓе, но на збор стоиме. Сакаме гласање, гласање даваме. Тие се школовани, нека им е срам на нив што не ни прават тоа што ветуваат. Ние сакаме да имаме асфалт, децата да не ни се разболуваат. Јас имам три ќерки, едната ми е со болест од мирис од нужда. Веќе немаме место каде да отвораме. Ќе ги молам нека ни стават асфалт, нека ни стават канализација, тоа е гробишта за сите малцинства тука. Ние сме едно село, а не 20-30 луѓе. Ги молам нека си стојат на збор, како ние што збориме, рече Алиев.

Дека револтот на струмичани е повеќе од оправдан најдобро покажуваат ветувањата на Заев дадени кон кив во кампањата од локалните избори пред две години. Заев тогаш при посетата на турското маало рече дека цело маало ќе било урбано и иредено, ќе немало кал и секаде ќе имало канализација.

-До последната куќа ќе нема да има повеќе кал. Секаде ќе има нов асфалт и нови тротоари и нови цементирани улици.  До последната куќа. Следува „Бошко буха“ со нова цементирана улица. Секаде ќе има и канализација. ДА. И на турските гробишта и водовод и канализација и нов пат. Цели маало ќе биде урбано уредено, вети Заев.Наспроти ваквите ветувања, жителите во овој дел од Струмица останаа речиси без ништо. Токму поради ова тие денеска побараа од Заев да се повлече од градоначалничката фунција, му порачаа дека нема кредибилитет, а неговите зборови останале само празни ветувања.