Заев: Пендаровски ќе биде вистински претседател

Стево Пендаровски ќе биде вистински претседател, рече лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев на на средби со граѓаните од Конче, Рaкитец и Дедино.

„Човек кој нема да служи на ниту една партија туку на народот. Со Пендаровски за претседател, политичките, културните, националните и други различности во Македонија ќе бидат предност. Со Стево за претседател ќе ја соединиме енергијата на младите и искуството на возрасните и ќе одиме напред. Гласот за Стево е глас за обединување на сите граѓани во Македонија. Заеднички глас за промени. Ве повикувам да се соединиме сите на 13-ти. Да најавиме промени а на 27-ми да ја потврдиме неговата победа и да оствариме уште една, двојна победа. За од 28-ми конечно да започнат промените во Македонија,“ рече Заев.