Заев планира да ја исклучи Шекеринска од СДСМ?

Опозицискиот лидер Зоран Заев поседува докази за соработка на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска со ВМРО-ДПМНЕ, поради што ја разгледува можноста за нејзино исклучување од партијата, објави порталот „Журнал“.

Се претпоставува дека токму Шекеринска е еден од кртовите во СДСМ кои и овозможуваат на партијата на власт секогаш да биде добро информирана за плановите и активностите што ги подготвува опозицијата.

Одамна е познато дека Радмила Шекеринска, која за сите дваесет години од својата кариера постојано извршувала врвни функции во СДСМ, не е омилена личност во партијата. Особено откако излезе информација дека таа се пазарела со власта да биде поштедена од истрага за затајувањето на данокот од изнајмувањето на станот во кој живее, за месечна кирија од 5.000 евра, односно 60.000 евра годишно.

Во врска со овој случај беше кажано дека имало најмалку две средби помеѓу нејзиниот сопруг „Бобо Дајнерс“ и директорот на УБК Сашо Мијалков и неколку телефонски разговори помеѓу нив во време кога аферата беше актуелна и се истражуваше. Исто така, деновиве се врши притисок врз Заев да ги објави овие разговори, во интегрална форма, немонтирани, но тој се уште ги чува само за себе.

Инаку, уште од времето на Црвенковски и поголемиот дел од поранешниот и сегашен врв на чело со Заев без размислување би ја исфрлиле Шекеринска од СДСМ, и би се ослободиле од нејзините карактеристични настапи полни со омраза, гнев, лицемерие од кои партијата трпи последици и го зголемува бројот на противници, но немаа од каде да ги надоместат 5-те милиони долари кои ги добиваат од фондацијата Сорос и соодветните дипломатски врски со кои таа и Милчин располагаат.

Но, очигледно прислушувањето на државниот врв и соработката на Заев со странските тајните служби преку шпионажа и одработувањето на нивната агенда против Македонија му овозможило на лидерот на опозицијата да дојде до значително голема сума на пари, по што тој почнал да размислува за евентуално исфрлање на Шекеринска од партијата и ослободување од нејзиниот товар.

Дали и како ќе заврши ова, не знаеме, бидејќи и Шекеринска има џокер во ракавот. Заедно со Заев ги имаат и кријат разговорите на Црвенковски и својата партиска конкуренција, како адут за меѓупартиска борба. Тоа го потврди и Заев при гостување на Алсат. Ако затреба, разговорите кои се компромитирачки за Бранко Црвенковски, Игор Ивановски, Андреј Петров, Наташа Савова, Горан Минчев, Стево Пендаровски, Јани Макрадули… ќе се појават на некој соросоиден портал, или на Јутјуб, за да им завршат работа во запирањето на иницијативата Шекеринска сега, и трајно, да биде отстранета од СДСМ.

фото: zurnal.net