Заев се договара, но планира да го прекрши договорот

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата  го обвини ВМРО-ДПМНЕ за купување време и посочи дека остануваат уште 20 часа да се имплементира Законот за специјалниот обвинител и да се извбере техничката влада за да може да се испочитува Договорот од 2 јуни и 15 јули.

Спорот во делот на техничката влада е ветото на замениците министри. Апсолутно тоа е дефинирано во самиот член од протоколот каде што објаснува „се однесува на финансиски, човечки и правни работи поврзани со организацијата на изборите“. Тоа треба да се преточи во закон, а тоа е едноставно, рече Заев.

Разликите во однос на законот за прислушуваните материјали, додаде, е што СДСМ не се согласува со казнување на медиумите за објавување на материјалите.

Инаку, прв од средбата во Пржино си замина лидерот на ДПА Мендух Тачи, кој не даде изјава. Кусо по него и Али Ахмети, претседателот на ДУИ излезе од резиденцијата на ЕУ. Во изјавата за медиумите рече дека за време на разговорите постигнато е приближување по одредени прашања, но оти се уште постојат мали разлики.

Се договоривме работните групи да продолжат со работа за да ги затворат сите разлики кои останаа во однос на надлежностите на министрите, на Законот за Владата. Меѓународната заедница е заинтересирана и е многу активна во надминувањето на овој проблем, рече Ахмети.

На разговорите во Пржино присуствуваа и евроамбасадорот Аиво Орав, американскиот амбасадор Џес Бејли и белгискиот посредник во преговорите на работните групи Питер Ванхауте.