Заев по чекорите на Црвенковски

Со исто сценарио и логистика, по примерот и стапките на Бранко Црвенковски, денес речиси 15 години подоцна реприза на настаните сака да направи сегашниот претседател на СДСМ Зоран Заев, објави „Курир“.

Порталот пишува дека идентичноста на она што се случува денес и настаните во 2001-ва година, според експерите е преголема. Фактите за кои слуша јавноста упатуваат на поврзаност на сите работи што сега се случуваат. Експерите сметаат дека се стимулирани од СДСМ, како што на ист начин и во 2001-вата беа направени од истата партија со епилог добро познат на целата јавност.

Па, така сега по скандалот Пуч, се случи инцидент во Гошинце, што потсетува на настаните во 2001 каде по аферата „Големо уво“ се случи безбедносен конфликт. Главните актери тогаш и сега беа СДСМ и полугите на СОРОС. СДСМ очигледно игра на картата на создавање на кризи како проверен начин за наметнување во јавноста.

Новинарката Мирка Велиновска во својата колумна пишува дека аферите „Големото уво“, па „од Групчин и по Групчин“, инсценираните пројави на учки и „загрижени“ реакции на СДСМ „патриотска“, па барањето за сенационална спасителска влада, па рамковни преговори за мир, сѐ е составен дел од игроказот „фингерај во 26 слики“.

-Но тоа е заднината на големата победа на Македонија на 15 септември 2002 година, во која лавовската работа ја заврши Соросовата банда со своите пари. Тогаш македонското новинарство претрча на страната на пропагандата и стана „оркестар“ со кој диригираат евроатлантски гангстери. Тогаш беше спакуван и ликвидиран и вториот шеф на државата. Фикусот, како што го викав јас, или раткапната Борис Трајковски, како што го именуваше Црвенковски, дури посмртно беше рехабилитиран како „голем човек“. На негово место, за прва државна марионета беше избран проверениот и исполнителен Црвенковски. Со него загарантирано Република Македонија едно по едно ги губи својствата на држава, пишува Велиновска.

Дека сè се одвива по веќе видено сценарио и дека постапките на Заев се идентични со оние на Црвенковски говори и видеото во продолжение. Реториката и функциите на говорниците иста, само времето е различно – 14 години подоцна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.