Заев по средбата со Билд најави деблокирање на демократскиот процес во парламентот

Заеднички е констатирано дека демократските процеси се неопходни за напредокот на Република Македонија и дека мора да се овозможат низ почитување на Уставот и законите од страна на сите политички субјекти и институции во државата, соопштија во вторникот од СДСМ, по средбата на партискиот челник Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката Радмила Шекеринска ко-претседавачот на невладината организација Европскиот совет за надворешни односи, поранешен шведски премиер и шеф на дипломатијата, Карл Билт.

„Парламентарното мнозинство ја презема обврската да го деблокира демократскиот процес во парламентот согласно Деловникот, Уставот и законите. Ќе биде брзо избран новиот претседател на Собранието, а потоа и новата реформска Влада. Тоа е одлука на мнозинството граѓани, изразена на кредибилни избори и сите институции во државата се должни да обезбедат мирен трансфер на власта“, изјави Заев.

Нагласено било дека се недозволиви „разгорувањата тензии и насилства што се противуставно дело на штета на државните интереси и дека секој кој би се впуштил во такви активности ќе мора да понесе одговорност“.

Заев објаснил дека е формирано парламентарното мнозинство од 67 пратеници. Во најава е поддршка на новата влада од 69 пратеници. Има Програма на новата реформска влада на унитарна Македонија што обезбедува правда и економски перспективи за сите граѓани и евро-атлантска иднина на Македонија. И дека Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ немаат право поради страв од соочување со правдата да ја загрозуваат егзистенцијата на граѓаните и стабилноста на државата.

На средбата се разговарало и за недозволивите притисоци што ги прави власта во заминување врз невладнините организации, за опасноста од блокада на целиот систем на државата ако не се избере нов собраниски претседател кој треба да ги закаже локалните избори, како и за последиците што ги трпат граѓаните и фирмите на економски план.

Исто така, било заклучено е дека е потребно што побрзо да се реализираат неопходните реформи посебно во делот на обезбедувањето независно судство и независни институции во интерес на граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.