Заев по средбата со Јункер: За Владата е прифатливо име со географска одредница

За Владата е прифатливо име со географска одредница, кое ќе направи дистинкција помеѓу нашата држава и регионот во Грција, рече премиерот Зоран Заев, по средбата со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во Скопје.

Заев рече дека, сепак, Владата инсистира на решение „кое ќе овозможи трајно и одржливо затворање на спорот со почитување на достоинството и идентитетот на двата народи и двете држави“.

„На крајот, наша должност е да превземеме одговорност за оваа историска можност, да го решиме ова отоворено прашање помеѓу двете земји“, рече Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.