Заев по средбата со Мицкоски: Да се обединиме околу идејата за референдум

Имаме обврска да им овозможиме на граѓаните на Македонија да го остварат демократското право и да добијат шанса да го дадат своето мислење во однос на договорот за решението на спорот за името, рекол премиерот Зоран Заев на денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, соопшти владината прес-служба.

Заев на лидерот на македонската опозиција му рекол дека и тие како опозиција треба да овозможат фер шанса последниот збор да го кажат граѓаните на референдум.

Во соопштението се посочува дека Заев на средбата упатил порака дека политичките субјекти треба да се обединат околу идејата за референдум и заради националните приоритети на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.