Заев побара Влада со луѓе без криминално минато, а се заборави самиот себе

На партиска трибина овојпат во Универзална сала и овојпат опозицијата помпезно обелодени незаконски „креирани“ телефонски разговори кои се наводно во интерес на земјата, а сосема е јасно дека се работи само за пуста желба бескрупулозно и по секоја цена да се преземе власта.

И во 8-мата бомба на Зоран Заев, повторно немаше разговори од опозициски функционери, аопозицијата постојано тврди дека била предмет на прислушување.

Во духот на преизборна кампања на говорница се качија пулените на опозицијата Стево Пендаровски, Радмила Шекеринска и се разбира крајот беше резервиран за лидерот Заев кој за надминување на кризата во земјата кои тие самите ја создаваат, понуди решение, односно формирање на преодна Влада која би имала мандат да обезбеди услови за спроведување на нови фер и демократски избори.

Според Заев, во преодната Влада нема да учествуваат лица кои имаат криминални досиеа, по што се поставува прашањето дали и тој самиот кој е аболициран за криминал од 8 милиони евра ќе биде дел од таа Влада.

Побара да се спроведе и судски процес за случајот прислушување под мониторинг за Меѓународната заедница.

Од говорницата Заев порача дека нема да дозволи дестабилизација во земјата, иако јавноста многу добро знае кој во моментот има волја, желба и пред се интерес за такво нешто. Заев најави дека ова не е последна бомба и дека нема да престане се додека граѓаните „не ја дознаат вистината“.

И покрај тоа што 8-мата бомба беше спектакуларно најавувана и се очекуваше масовност од поддржувачите на Заев, сепак освен пополнетата сала со носени граѓани од цела Македонија и во најголем дел од Струмица, како и неколку стотини партиски активисти кои прес-конференцијата ја следеа пред Универзална, се покажа дека народот и верува на една друга вистина и дека Заев што и да направи очигледно е недостижно далеку од подобра алтернатива за Никола Груевски.

Во најголемиот дел од креираните разговори, повторно беа прикажани разговори за некаков изборен фалсификат, како за кражба на изборен материјал, фалсификување на лични карти, распределување на гласачи по општини…

И на оваа трибина гласноговорниците кои стојат зад јавното објавување на приватни монтирани разговори, што  пред се е кривично дело, не заборавија да напоменат дека сето ова што го прават за да ја сменат моменталната власт имаат поддршка од надвор.