ВИДЕО: Заев освен законот, не си го почитува ниту сопствениот збор

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев освен што не го почитува законот, тој по којзнае кој пат си го погази сопствениот збор.

На 4-ти септември годинава, Заев даде збор дека ако има специјален обвинител, СДСМ ќе ги предаде материјалите од наводните прислушувани разговори.

Остануваме да го почитуваме договорот, ако има специјален обвинител, ќе ги предадеме материјалите, рече тој.

Специјалниот јавен обвинител беше избран одамна, а три ипол месеци по изјавата на Заев, она што тој го рече не се исполнува. Заев ги проби сите рокови, не го испочитува договорот од Пржино, не го испочитува Специјалното Јавно Обвинителство, а најмалку го испочитува звојот збор.

Според СДСМ, тие не ги предавале материјалите затоа што во СЈО не биле обезбедени соодветни услови за нивно чување.

Сепак, условите за Катица Јанева да ги прими материјалите се обезбедени. Беше обезбеден посебен сеф кој Владата го даде за СЈО. Истовремено, на Јанева и беа обезбедени и другите барања, како посебни простории кои веќе ги доби, а исто така имаат и заштита од полицијата, посебно ако се земе во предвид дека првиот човек на Министерството за внатрешни работи е од редовите на СДСМ.

Со непредавањето на материјалите, Заев ја прескокнува својата законска обврска која му налага предавање на материјалите, а Катица Јанева служи како параван за оправдување да не ги предаде тие материјали.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.