Заев под притисок да го напушти лидерското место на СДСМ?

Дури и самиот Заев според нашите информации се колебал за оставка, но единствената причина која го разубедила тоа да не го прави е фактот што знае дека тоа би било дефинитивен крах и признание на целата вина, пишува порталот „Курир“.

По објавувањето на несоборливиот доказ како што се гледа на видео снимката дека лидерот на СДСМ Зоран Заев бара поткуп од 200 илјади евра и е фатен жив, во СДСМ се повеќе расте притисокот Заев да си оди од лидерската функција и да си поднесе оставка од фунцијата градоначалник на Струмица.

Ова е прв ваков темелен случај на градоначалник и политичар да бара мито и за тоа да е фатен на видео снимка. Заев бара по 100 илјади евра за себе при што вика парите да се уплатат кај неговиот брат Вице Заев, а втората половина порачува да се дадат како донација.

Партиски извори велат дека по оваа снимка се повеќе луѓе од СДСМ барале Заев да си замине и да ја напушти лидерската и градоначалничката функција со цел да ја намали политичката штета врз партијата.

Ова било протолкувано како тежок скандал и удар за СДСМ во ситуација кога партијата се наоѓа во тешка и незавидна ситуација. Дискусијата се развила и во штабот на СДСМ каде и најтврдокорните “заевисти“ веќе немале аргументи за одбрана на лидерот.

Истите извори велат дека со тоа сфатиле со каков човек си имаат работа. Дури и самиот Заев според нашите информации се колебал за оставка, но единствената причина која го разубедила тоа да не го прави е фактот што знае дека тоа би било дефинитивен крах и признание на целата вина.

Оние кои го разубедувале и го стимулирале за оставка пред се’ се крилата на СОРОС, кои јасно му ставиле до знаење дека независно од политичките бомби и објавувањето на незаконски прислушкувани материјали ова е ново дело кое не може политички да го амнестира, туку за поткуп кривично се одговара, пишува „Курир“.