Заев потврди: Искреираните материјали се добиени од странски центри

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција повторно недвосмислено потврди дека искреираните материјали кои ги објавува се добиени од странски центри и нивни агентурни инсталации во Македонија, објавува „Курир“, пренесува Нетпрес.

И со денешната прес-конференција на Заев се докажува дека Мијалков не прислушкувал, туку првиот човек на УБК е најприслушуваниот и бил таргет на оваа мрежа. Лидерот на СДСМ повторно посочи на наводни разговори на Мијалков, кои што сигурно не се снимени по наредба на самиот Мијалков. Сосема нелогично е самиот шеф на УБК самиот себеси да се прислушкува.

Со денешните тврдења, опозицијата повторно направи клучна грешка. СДСМ сакајќи да спакува и да стави во одреден контекст креирани разговори, од искреираните материјали се гледа дека постоеле јасни докази за криминалот на Љубе Бошкоски, за нелегално земање огромни суми на парични средства.

Иако СДСМ тврдеше дека е политички монтиран случај, се покажа дека Бошкоски зел нечисти пари стотици илјади евра, а со тоа и дека правел криминал при финансирање, дека има заштитен сведок што е несоборлив доказ и дека направил дело од повеќе години затвор.

Првиот човек на УБК во еден од разговорите посочува дека нема да дозволи насилство на изборите и се мора да биде според закон и за секого да важи законот, без разлика на “наши“ и “нивни“, како што се посочува дека кажал, што е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ победи на регуларни избори.

Според искреираните материјали кои до сега ги објави Заев, се гледа се следени луѓе од власта, што јасно покажува дека се работи за смислено сценарио од странски центри во кои таргетот се луѓе од власта, а Заев е продолжена рака на тие центри кои го спроведуваат ова сценарио.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.