„Заев потврди дека по изборите не постои ниту една причина поради која СДСМ не би ги признала резултатите“

Зоран Заев потврди дека после изборите во април веќе не постои ниту една причина поради која СДСМ не би ги признала резултатите, рече на вчерашната прес-конференција членот на Извршниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ Владимир Пешевски.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Зоран Заев да го предводи СДСМ на претстојните предвремени парламентарни избори и да се бори за мандат за Претседател на Владата.

Тоа значи дека на 24-ти април граѓаните директно ќе избираат помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев и помеѓу проектите на ВМРО ДПМНЕ и деструкцијата на СДСМ. Зоран Заев потврди дека после изборите во април веќе не постои ниту една причина поради која СДСМ не би ги признала резултатите. Тоа значи дека граѓаните уште од денес може да бидат спокојни.  После 24-ти април Македонија уште порешително ќе зачекори по патот на eкономскиот прогрес и реформите, а не по патот на блокадите и деструкцијата, изјави на прес-конференција Владимир Пешевски, член на ИК н ВМРО-ДПМНЕ.

Обраќањето на Пешевски проследете го на следниот линк.