четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

Заев повторно ги оцрни медиумите

zoranzaev-kanal5tv

Последни вести

При денешното интервју во вестите на Канал 5, лидерот на СДСМ, Зоран Заев не пропушти уште еднаш да ги оцрни медиумите нарекувајќи ги непријателски.

Неодамна тој јавно објави дека негови најголеми непријатели се одредени македонски медиуми, кои не работат под диктат на партиското седиште на „Бихаќка“.

-Во моментов став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција, се медиумите како што се Сител, Канал 5, Алфа телевизија, Дневник и Македонската радио телевизија, изјави Заев, пред повеќе од еден месец на прес-конференција, а во денешното гостување на телевизијата која тој ја нарече непријател, го потврди истото.

-Уште еднаш ќе констатирам дека се однесувате како медиум, како поголем политички непријател од нашиот политички непријател ВМРО-ДПМНЕ, подвлече Заев во денешното гостување во Дневникот на Канал 5, пишува Курир.

Зоран Заев инаку е човекот кој ја предводи партијата која со години лажно се залага за слобода на медиуми. Со ваквите негови изјави, тој покажува целосно непочитување на новинарската професија, но и на сите вработени во поголем дел од медиумите.

Лидерот на СДСМ во денешното гостување, призна и дека првообвинетиот од криминалната група од „Фабриката за афери“, криминалецот Захир Бекири Чауш е член и активист на СДСМ и не негираше дека Чауш е негов соработник.

-Чаушот е член на СДСМ, јасно и гласно потврди Заев.

Заев го прогласи и Зоран Верушевски за невин, иако на јавноста веќе и е добро познато дека има цврсти докази за тоа.

-Верушевски не ни требаше да биде притворен. Случајот Пуч е апсурдност, рече лидерот на опозицијата, а воедно и четвртообвинет во истиот случај.

Најчитани вести