Заев повторно ги повлече од Собранието пртениците на СДСМ

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција најави дека пратениците од редовите на СДСМ и нивните коалициски партнери нема да учествуваат во работата на Собранието.

Тој информира дека пратениците се повлекуваат од Собранието се додека Уставниот суд не се изјасни за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство и додаде дека длабоката политичка криза во Македонија треба што побрзо да заврши.

Додека не се изјасни Уставниот суд за уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство, пратениците од СДСМ и коалициските пратеници нема да учествуваат во работата на Собранието, рече Заев кој додаде дека пратениците имаат обврска да дејствуваат во заштита на институцијата што според него е симбол на правдата и вистинската борба против криминалот.