Заев повторно на распит во Обвинителство

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска треба да дојде во Основното јавно обвинителство за случајот што го отвори ова Обвинителство за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.

Заев денеска треба да изврши увид во доказите на предметот.

За него и за други раководни лица од партијата се покренати две истражни постапки за злоупотреба на финансирање на изборна кампања за време на изборите во 2014-та и декември 2016-та година.

Од ОЈО информираа дека како сведоци, досега биле сослушани повеќе од 70 лица.