вторник, 25 април 2017  |  Вести денес: 0

Заев повторно на разни начини избегнува соочување со правдата

Во Кумановскиот суд се одложи судењето на лидерот на СДСМ Зоран Заев по приватна тужба на Виктор Цветковски, генералниот секретар на ГРОМ, заради објавување на прислушуваните разговори во бомбите, пренесеува Куманово њус.

заев

Поврзани вести

На денешното рочиште требаше да бидат дадени завршни зборови, но поради отсуство на адвокатот на обвинетите Мирослав Вујиќ кој присуствувал на јавна седница на апелациониот суд во Битола, во судница не се појавија ни обвинетите, па судењето е презакажано за во петок.

Обвинетите се обидуваат да ќарат уште некој ден и го одложија денешното рочиште. Се користи секоја можност за добивање на време. Во петок се закажени завршните зборови, подготврени сме јас и моите колеги да го дадеме завршниот збор за кривичен прогон против првите луѓе на СДСМ и СДСМ. Врз основа на сите докази верувам дека правдата и правото ќе победи и сите виновници кои го сториле кривичното дело ќе одговараат, изјави Виктор Цветковски по одлагање на судењето.

Цветковски ги тужи Зоран Заев, СДСМ како правно лице и претседателот на кумановскиот огранок на СДСМ Мартин Костовски, заради неовластено снимање и објавување на разговори меѓу него и поранешната министерка Гордана Јанкуловска каде се договараат за обезбедување гласови на ВМРО-ДПМНЕ меѓу двата круга на локалните избори во 2013 година во Куманово.

Пред судот Заев и Костовски се изјаснија дека не се виновни за делото за кое се обвинети.

Најчитани вести