среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Заев повторно над сите граѓани на РМ: Аболицијата му е единствен спас за криминалот тежок 8 милиони евра

Аболицијата од Бранко Црвенковски дадена во 2008-ма година за случајот „Глобал“ му останува единствен спас на опозицискиот лидер и струмички градоначалник Зоран Заев за криминалот тежок 8 милиони евра. Заев манипулирајќи ја јавноста, се става над сите граѓани во Република Македонија, пишува „Курир“.

Zaev-3

Поврзани вести

Аболицијата од Бранко Црвенковски дадена во 2008-ма година за случајот „Глобал“ му останува единствен спас на опозицискиот лидер и струмички градоначалник Зоран Заев за криминалот тежок 8 милиони евра. Заев манипулирајќи ја јавноста, се става над сите граѓани во Република Македонија, пишува „Курир“.

Според експертите што го консултирал порталот Заев се плаши дека ќе мора да ги врати 8-те милиони евра украдени од државата, а веројатно го чека и долгогодишна затворска казна доколку писмено побара да му биде укината аболицијата за случајот „Глобал“.

Експертската јавност смета  вака го толкува упорното одбивање на Заев да поднесе писмено барање за укинување на помилувањето со кое што Бранко Црвенковски во 2008-ма година го заштити од кривичен прогон за случајот „Глобал“.

Според нив, денешниот настап на Заев е чиста потврда за неговата вина во овој случај. Експертите кои ги консултиравме се едногласни дека доколку бил уверен дека не сторил криминал, Заев без никакви притисоци ќе сакал да си го исчисти образот и ќе побарал да се укине аболицијата

Немам намера да се бламирам во глупости кои што им прилегаат на владејачките гарнитури. Ако може еве нека го направи, преку тоа што ќе ја повлече аболицијата на Зоран Заев за Глобал. Јавно го укажувам тоа и јавно апелирам да го направи тоа. Jас да се бламирам со нешто во кое што не верувам дека правно е издржано, немам намера, изјави Заев денеска.

Со ова Заев повторно ги потцени граѓаните и експертската јавност кои знаат дека со измените во Законот за помилување од 19 мај годинава, токму ваквата можност е оставена на сите граѓани.

clena11a-1 (1)

Имено, членот 11-а во ставот 3 предвидува „Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот на републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување. Претседателот на Републиката е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето од став 3, да ја поништи одлуката“.  Ова значи дека доволно е Заев да го пополни барањето и да се повика на измените во Законот за помилување.

Потценувајќи ја интелигенцијата на народот, Заев смета дека граѓаните не ја паметат неговата изјава и неговиот став кога застана во одбрана на помилувањето од Црвенковски, правдајќи го тој чин како уставно загарантирано право на Црвенковски кое што Заев не сака да го коментира.

Аболицијата дадена од страна на претседателот Црвенковски нема да ја коментирам во јавноста. Тоа е сепак негово уставно и законско право, рече помилуваниот Заев со солзи радосници во 2008 година.

Имајќи го во предвид фактот дека нема намера да поднесе барање за повлекување на оваа аболиција, Заев јавно признава дека не му пречи етикетата на единствен политичар аболиран за тежок криминал се додека е сигурен дека нема кривично да одговара за осумте милиони евра за кои е оштетена државата.

Очигледно образот на Заев вреди многу помалку од осумте милиони евра кои би морал да ги врати после судската постапка.

Најчитани вести