Заев повторно се фати во лага

93

Првот човек на опозицијата Зоран Заев, вчера повторно по којзнае кој пат самиот се заплетка во сопствените манипулации и лаги, пишуа Курир.

При презентирањето на четвртата „бомба“, Заев вчера рече дека новинарот и сопственик на неделникот ФОКУС, Никола Младенов бил најследен и најприслушуван.

-Најследен, најприслушуван, со години таргет на тајните полициски служби на Сашо Мијалков е доајенот на новинарството во Македонија, уредникот, новинар и сопственик на неделникот ФОКУС, Никола Младенов, рече Заев на прес-конференцијата.

Со ваквото твдење, Заев се демантира самиот себеси бидејќи пред само две недели при гостувањето во емисијата „Патот кон…“ на Алсат-М, лидерот на СДСМ тврдеше дека најприслушуван во целиот случај бил новинарот и уредник на телевизија Сител, Драган Павловиќ- Латас. Заев рече дека тој е следен и прислушкуван 48 месеци, но само  Латас бил подолго сниман од безбедносните служби.

-Само Латас е подолго следен од мене. Не знам зошто. Можеби власта не му верувала што работи, рече Заев.

Две недели подоцна, Заев го смени тврдењето. Веќе не мисли дека Латас е најследен и најприслушуван, туку како што тврдеше вчера, Никола Младенов бил најприслушуван. Изминатиов период струмичкиот градоначалник многу пати самиот се фаќаше во сопствените лаги и манипулации, а последниот случај е само уште еден доказ за ставот на аналитичарите дека лагата е систем на однесување на овој политичар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.