Заев повторно се закопа: Каков бизнис имал со синот на Верушевски?

Серија нелогичности и чудни одговори во денешното интервју на лидерот на СДСМ Зоран Заев за Тв Телма, објави Курир.

По серијата обиди за манипулација, опозицискиот лидер Зоран Заев денеска конечно ја потврди автентичноста на шифрираните пораки кои меѓу себе си ги праќале синот и сопругата на Зоран Верушевски. Сепак, лидерот на СДСМ не доби прашање, па јавноста остана без одговор , зошто семејството Верушевски комуницира со шифрирани пораки, ако не прави ништо што е спротивно на законот.

Интересна е и содржината на пораките кои беа објавени во медиумите.

poraka1

„Татко ми е супер и го порача следново- јас да го почнам бизнисот со зајко и бомбата нека грми. Пренеси му чекорите да си ги тера по планот без пазарење со никого и без двоумење“ стоеше во една од пораките кои синот на Верушевски и ја испратил на својата мајка.

Заев изјави дека ја користел стручната помош од Верушевски, па оттука, имајќи ја предвид пораката, се поставува прашањето, како тој би „го продолжил бизнисот“ со неговиот син, имајќи предвид дека тој е далеку од стручен во областа за која лидерот на СДСМ тврди дека го ангажирал екс директорот на ДБК. Интересно е што за малиот Верушeвски, „бомбата“ на Заев е само бизнис.

Друг интересен момент е фактот што Заев призна дека планирал да му купи автомобил на Верушевски за да може да побегне од Македонија. Заев изјави дека доколку успеел планот за извлекување на Верушевски од Македонија тогаш ќе му бил потребен нов автомобил, бидјеќи тој што го има бил стар. Се поставува прашањето, зошто некој кој не прави ништо што е спротивно на законот би требало да побегне од Македонија.