Заев призна дека материјалите се од странски служби

Лидерот на СДСМ Зоран Заев повторно самиот се заплетка во сопствените лаги и си даде уште еден автогол. Од денешната прес- конференција на Заев повторно се докажа дека Груевски воопшто не прислушувал, а дека лидерот на СДСМ материјалите ги добил од странски служби.

Заев претходно обвини дека премиерот Никола Груевски е еден од наредбодавачите за прислушкување во државата, но денес тој се погази себе си и призна дека Груевски не прислушкувал.

-Денес ќе слушнете како Груевски се мачи да зборува во шифри, па и вие ќе се запрашате зошто премиерот на државата има потреба да зборува на телефон во шифри, истакна Заев на прес-конференцијата.

Со самата оваа негова изјава, Заев признава дека имало прислушкување и дека Груевски сигурно сам себе не би се прислушкувал.

Заев без никаков срам многу пати досег ја излажа јавноста, потоа самиот си ги признаваше и негираше своите лаги, контрадикторно ги менуваше изјавите и продолжи со манипулации.