Заев продава илузии – со материјали од странски центри не се стига далеку

„Бомбата на Заев е не експлозивна, а трибината повеќе наликувала на партиски митинг со најтврдокорните членови“- ова се првичните коментари на аналитичарите по објавувањето на прислушувани материјали во Универзална сала, пишува порталот „Курир“.

Веќе стана јасно дека таргет на прислушувањето биле некоку лица од државниот врв и дека се работи за конструкции на странските служби направени од Верушевски и неговите соработници.

Ваквите искреирани материјали не наидоа на енергичен дочек од страна на партиското членство на СДСМ, а ни кај дел од новинарите кои важат за блиски до опозицијата. Васко Ефтов во дебатната емисија на Телма Телевизија јавно праша дали ова е бомбата на Заев.

– Се плашам дека крешчендото е постигнато и дека ако нема нешто спектакуларно повеќе од ова, крешчендото е постигнато и ќе има само еден надолен тренд. А овој се спрема за судење, посочи новинарот.

 

Ефтов нагласи и дека самиот факт дека Лупевска повеќе ги вклучувала гостите во студиото, значело како што рече, дека се многу поинтересни од бомбите што се во Универзалната сала.

-Ние чекавме бомби кои ќе ја расклатат државата, додаде новинарот.

Токму Ефтов вели дека она што во моментов го прави Заев е продавање на илузии и дека за спас има три можности, некој да го спаси, да исплива на рајски остров или да се удави.

-СДСМ и нема што друго да прави тие и лани на изборите продаваа илузија. Сега кога го гледаме Зоран Заев на онаа снимка со ПИМ мерките во кабинетот на Никола Груевски кај што признава дека разликите во анкетите биле 7 до 8 проценти ние сфаќаме дека целата ланска кампања и оние анкети на Ѓорѓи Спасов што ги даваше што ги лиферуваше кај што води Стево Пендаровски биле всушност продажба на илузии. СДСМ нема што друго да прави и Заев во моментов освен да продава илузии дека сигурно победува и дека ова ќе ја скрши Владата на Никола Груевски бидејќи сега знаете тој се наоѓа како во море има толку отпливано од брегот што неможе да се врати на брегот, има три можности: или некој ќе го спаси на средина на море дали тоа ќе се странците или ќе исплива на некој рајски остров или ќе се удави, вели Ефтов.

Тој спомена и дека СДСМ не верува во институциите и ја дерогира државата.

-Во кои институции верувате вие. Не верувате во здравство, одите на доктор. Не верувате во фудбалски клуб Вардар, одите на натпревари. Не верувате во полиција, а користите пасош или вадите лични карти. Ако влезете во една таква фаза во ништо да не верувате во државата, тогаш вие ја дерогирате скроз државата, посочи Ефтов на што новинарката Снежена Лупевска се надворза и рече дека од друга страна, пак СДСМ ги однесоа пријавите до истиот тој Јавен обвинител.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.