Македонија

Заев продолжи да го објавува нелегално стекнатиот материјал

Заев продолжи да го објавува нелегално стекнатиот материјал

Лидерот на СДСМ Зоран Заев повторно одржа прес-конференција во седиштето на СДСМ во Скопје, на која објави повеќе наводни телефонски разговори.

Во рамки на т.н. бомба 12, Заев објави повеќе нелегално добиени снимки за кои тој тврди дека многу говорат за начинот на кој се врши изборот на судии и јавни обвинители во Република Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се амбасадорите кои биле прислушувани, Заев парадоксално рече дека се придржува до Виенската конвенција и нема да објавува приватни телефонски разговори.

И покрај обвинувањата на СДСМ и на Заев дека токму опозицијата била прислушувана, јавноста сеуште не доби ниту еден телефонски разговор од функционерите на СДСМ, туку повторно на мета беа актуелните министри и државни функционери.

Исто така , треба да се напомене дека опаѓа интересот на јавноста за следење на т.н. бомби во живо. Бомбата 10 која се одржа во неделата пред масовниот граѓански собир на ВМРО-ДПМНЕ беше следена од речиси 5.600 граѓани, а денешната беше проследена само од околу 3.400 граѓани.