Заев продолжи со објавување на нелегално стекнатиот материјал

Лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев продолжи со објавување на нелегално стекнатиот материјал.

Денеска, во т.н. седма бомба на опозицијата беа објавени делови од повеќе телефонски разговори на високи владини функционери, за кои тој тврди дека говорат за изборни нерегуларности и како што рече изборен грабеж.

И овој пат изборот на Заев беа телефонските разговори на луѓе од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што кажа тој „разговорите на луѓето што биле мета на прислушување било жално да бидат објавени јавно“, па затоа и понатаму ќе продолжел да ги објавува само разговорите на владини функционери.

Во одговор на новинарско прашање за тоа како ги коментира критиките упатени кон него од страна на меѓународната заедница, Заев го одбегна одговорот, па во стилот на тоа дека нападот е најдобра одбрана ги цитираше само оние изјави кои што му одговараат нему и коишто ги поддржуваат политиките на СДСМ.

Заев за втроник ја најави наводно „најјаката бомба“, која ќе биде презентирана во Универзална сала,  а  во која ќе бидат изнесени најдрските изборни фалсификати.