Македонија

Заев продолжува да манипулира – Законот за амнестија е донесен во 2002 година, а за него гласале и Црвенковски, и Шеќеринска

Зоран Заев продолжува со спроведување на своето сценарио за дестабилизација  на Македонија. Тоа впрочем сега веќе им е јасно и најголемите поддржувачи на СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата смета дека улогата на Заев е да биде  маша на странски центри кои имаат за цел нарушување на стабилноста на Македонија и нарушување на нејзиниот меѓународен углед.

„Зоран Заев продолжува да манипулира со креирани и лажни материјали кои ги става во контекст кој што нему му одговара, со цел да предзивика забуна кај граѓаните. Самиот тој со овие прес конференции потврдува кој се бил слушан и дека слушањето го правеле надворешни лица под патронат на странски центар.Да потсетиме, Зоран Заев е истиот оној човек кој пред нецела година кажа дека на СДСМ не и личи да биде патриотска партија. Зоран Заев  е претседателот на партијата која во 1994 година додели 150 000 државјанства само за да победи на избори. Зоран Заев е претседател на СДСМ, истата онаа партија која креираше меѓуетнички конфликти во 1997 година во Гостивар и Тетово, само за да ја прикрие девалвацијата на денарот. Зоран Заев е претседател на СДСМ, структурата која што се поочигледно станува дека во 2001 година учествувала во креирање на вакво слично сценарио кое го гледаме и денес. И конечно, Зоран Заев е претседател на партијата која го донесе системски најлошиот закон во Република Македонија, законот за територијална поделба и потоа го минираше референдумот за истиот. Зоран Заев за сите овие години беше нем и лојален поддржувач на штетните политики спроведени од неговата партија. Да ја потсетиме јавноста дека Законот за амнестија е донесен во 2002 година, а за него меѓу другите гласале и Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска Јани Макрадули и Никола Поповски. Дополнително, за оваа тема имаше повеќе неделна јавна дискусија која ја памети целата македонска јавност“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, посочуваат дека граѓаните знаат да ги препознаат деструктивните однесувања на СДСМ и на Заев.
„Тоа го казнувале до сега, а ќе го направат и на следните избори“, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.