ТОП,Македонија

Заев продолжува да лаже, преговорите не запнале на Законот за “бомбите“

Заев продолжува да лаже, преговорите не запнале на Законот за “бомбите“

Изјавата на Заев по преговорите е лага, велат извори од работните групи, пишува Курир.

Порталот Курир пишува дека опозицискиот претседател синоќа барал надлежности надвор од претходниот договор. Законот за бомби се отворил пред преговарачите, но откако било увидено дека се губи многу време, најголемиот дел се потрошил за Законот за Влада.

Заев освен што ги излажа граѓаните за тоа каде “запнаа“ преговорите, тој не се придржува до договореното. Практично, главниот проблем за непостигнување на договор бил Заев, кој сака без избори да практикува власт, која не ја добил од граѓаните и во обем на надлежности поголема од договореното.

Оваа лага на Заев е само дополнителен доказ за деструктивноста на СДСМ  и нивната намера да го саботираат договорот, со цел да избегаат од извори. Тие знаат дека нема да ја добијат поддршката од граѓаните кои речиси цела деценија јасно кажуваат дека немаат доверба во оваа партија.

Стравот од избори го тера Заев да се претвори во машина за ширење на лаги. Тоа неодамна се случи и со посетата на Израел, кога поради лагите кои ги кажуваше постојано, доби сериозен шамар од израелската Влада и амбасадата на Израел во Скопје.

Доказ дека овој политичар не ја кажува вистината е тоа што за Законот за Влада има рокови, а за Законот за бомби нема. Ако главната пречка бил Законот за бомби, како што излажа Заев синоќа, тогаш веќе ќе имаше договор за Законот за Влада, нешто што не се случи на очиглед на цела јавност.

За неговата лага да биде уште понелогична, придонесува и фактот што тој тврди дека се заглавило за казни, ако се објавуваат “бомбите“.Поради некоректното однесување на Заев и стравот дека тоа ќе се дознае во јавноста, тој ги излажа граѓаните, пробувајќи да се прикаже себе како заштитник на медиумите, зборувајќи дека судирот и несогласувањата биле за Законот за бомби, нешто што не е вистина.

Но, дури и таквата негова теза е доволно скандалозна. Со ова што кажува дека за него било неприфатливо да се има казна до 5 години затвор за медиумите што ќе ги објават снимките, Заев само потсвесно потврдува дека планира да го прекрши договорот и повторно да објавува снимки.

Како тие медиуми кои Заев ги “брани“ би добиле казна за објавување доколку тој лично не им ги даде снимките да ги објават?