Заев промовира измена на основните Уставни начела по која ќе ја нема Македонија

branko uskovski

Во периодот од 1994 до 1998 година немаше владеење на правото. Во тој најнедемократски период од како сме независна држава и покрај тоа што на власт истите дојдоа на нелегитимен начин преку некредибилни избори, тогашната опозиција „не наметна странски вмешувачи“ иако ги бојкотираше изборите. Па така оваа нелегитимната власт како нивен најголем успех го имаше и спроведување и довршување на криминалната приватизацја со кое стотици илјади луѓе останаа без работа. За сето тоа никој не одговараше. Затоа што на тоа се гледаше како на законита приватизација, а подоцна и застарено дело.

Сега се прашуваме дали во тој период имаше владеење на правото? Едноставно, со тие нелегитимни избори немаше владеење на правото, затоа што немеше кредибилни избори. Немаше слободно изразена воља на граѓаните, односно не се овозможи еднаква правда за сите граѓани, па со тоа остана неискористена можноста да владее народот. Во тој период немаше владеење на правото, затоа што тогашната владејачка елита – сегашна опозиција, воопшто не водеше сметка за мнозинството од народот, а уште помалку за можноста да се докаже дека имало владеење на правото во земјата.

Но, ваков еклатантен пример на селективна правда нив воопшто не ги засегаше, туку напротив без око да им трепне до тој степен ја узурпираа власта,  со што ја воспоставија нелегитимната власт, а и во сите органи, комисии и други тела си поставија свои кадри. Иако тие не беа воопшто легитимни за да го водат овој процес.

Воедно тогаш, за жал, никој од сегашната СДСМ како тогашна власт, не се охрабри да овозможи политички договор, за да се надмине Уставот и законот, на пример слично како што е тоа направено со Пржинскиот договор, се со цел да се истражи криминалната приватизација  на таа нелегитимната власт добиена преку некредибилни избори, севкупни изборни нерегуларности преку масовното кршење на човековите права. Па во таа смисла и да се истражи како и дали парите беа насочувани према граѓаните, како што тоа сега милуваат да го презентираат, односно како и за што во тој период се потроши државниот буџет и кај кого отидоа државните пари?

Сега, дали може по сето тоа што го направија тогаш, истите денес да бидат одговорни политичари? Истовремено, запрепастува и фактот дека сега истите глумат и слободарски и демократски сили, како и дека биле државотворна партија.

Во таа смисла во нивниот период 1994-1998 се беше изместено и се беше заробено,  узурпирано  и контролирано од нивни партиски кадри. Кога се работи за судството во овој период, најнапред да се вратиме на генезата насудството се со цел да се потсетиме на еден класично авторитарен режим. Власта по некредибилните одржани избори во 1994 година, без учество на тогашната опозиција, го постави Ѓорѓи Спасов за министер за правда, а тој денес е континуиран заштитник на неговата политичка страна.

Во времето на неговото министерување во правда, чија надлежност меѓу другото е подготвување и предлагање на законите од областа на судството, најголем успех му е реизборот на судиите за кои е општо познато како се избрани. Во периодот на министерувањето на Спасов, тој како најповикан воопшто ги немал ниту како идеја сегашните европски стандарди, кои последниве 10 години континуирано се воведуваат и имплементираат во судството. Затоа, неговата оценка за сегашната состојба во судството му е точна, колку што му беше точна и неговата анкета за рејтингот на партиите пред последните избори. оттука нивните севкупни залагања не можат да бидат ниту искрени ниту добронамерени како за судството така и  за било која друга област.

Денес треба да бидеме реалистични и не може поедини судии за кои е утврдена одговорност, да се изедначуваат со севкупното судство. Во таа смисла кога се говори за состојбите во судството во Република Македонија, мора да истакнеме дека денес по имплементацијата на највисоките европски стандарди судиите ги имаат потребните перформанси за квалитетно и ефикасно исполнување на својата функција и на истите секогаш и по секој повод треба да им се дава подршка без никакви опструкции и тоа од сите институции.

Наведеното е само мал дел од нивниот начин на функционирање и тоа без да се земе периодот од 2001 до 2006 година. Па и сега особено во последните две години, откако го идентификуваа својот неуспех, потоа го подигнаа на ниво на криза и истата ја генерализираат до тој степен, за да притоа одговорноста ја бараат на друго место, но никако не кај себе. Со своето деструктивно однесување не втурнаа во една вештачка ситуација и агонија, со намера да ја освојат власта ако може без избори, како и се со цел да се спречи и кочи динамиката на спроведување на реформите. Тоа е кратко речено нивна формула за демократија и власт.

Па замислете и сега во нивната програма предвидуваат измена на Уставот. Затоа што барањето на нивниот лидер за редефинирање на државата преку: воведување на двојазичност на целата територија на Р.М; потоа поголема надлежност и овластувања на општините, (што не значи ништо друго освен создавање на кантони односно региони преку децентрализација на државата која ја најавува); како и со реизборот на судиите, што тој сите овие работи се повеќе ги прокламира; истото не преставува ништо друго туку измена на Уставот. Нека му каже некој на Зоран Заев од неговите експерти дека тоа што го промовира е измена на основните уставни начела, а дека со тоа Република Македонија ќе ја нема. По се изгледа дека на лидерот тоа никој не му го кажува, или пак во спротвно целта му е друга или пак им е нарачана.

Но, сето тоа е веќе толку депласирано и препознатливо затоа што лагите им се разобличени и веќе на народот му смачено од нивните вештачки кризи, од ваквиот нивен начин на функционирање. Граѓаните нема веќе да им дозволат да се поигруваат со нив, (а тоа  достинствено ќе им го кажат на изборите), што ке преставува крај на нивните проценки или нарачки од некои центри на моќ. Со тоа ќе сфатат дека повеќе преку деструктивни битки не се доаѓа на власт, онака како што тоа го правеа и го прават со бојкоти, манипулации, насилни сценарија, конфликти… За на крај уште грдо да не обезличат преку промена на Уставот со редефенирање  на Македонија.

Навистина на овој начин не се доаѓа на власт и се надевам дека заедно со нивните симпатизери, ќе разберат дека не им треба така добиена власт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.