Македонија

Заев пуштен низ вода – Законот за амнестија бил поддржан од целиот врв на СДСМ

Заев пуштен низ вода – Законот за амнестија бил поддржан од целиот врв на СДСМ

СДСМ денеска се закопаа. Законот за амнестија не е донесен во 2011 туку е донесен во 2002 година. Ви го праќаме законот да го види цела јавност, да го видат и оние од СДСМ кои мислеа дека ќе ја излажат целата јавност, а да го видат оние кои што сакаа денес да се амнестираат себе си од носењето тој закон, реагираат од  ВМРО-ДПМНЕ.

За тој закон гласале целиот врв на СДСМ. Гласал и Бранко Црвенковски, гласала и Радмила Шеќеринска која денеска лицемерно се смешкаше, знаејќи дека го пуштила низ вода Зоран Заев. За истиот закон гласале и Јани Макрадули, Никола Поповски и Ѓорѓи Спасов.

Во прилог го испраќаме и листингот од гласањето за да може целата јавност да увиди за лагите кои ги кажува СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

listing amnestija

listing amnestija 1

listing amnestija 2

„Покрај тоа што СДСМ секој ден се дозакопуваат со лагите кои ги изнесуваат и со скандалот со кој се обидоа да ги нарушат односите на Македонија со Кина и Израел, денеска покажаа дека навистина не знаат што прават. Настрана тоа што не знаат што се случува надвор од државата, тие не знаат ни што се случува внатре во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за амнестија е донесен 2002 година, не во 2011 како што лажат и манипулираат СДСМ, а за него гласале и Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска, Јани Макрадули, Никола Поповски, Ѓорѓи Спасов, нагласуваат од владејачката партија.

Всушност денес целата јавност виде внатрепартиска пресметка во СДСМ. Или некој сака да го пушти Заев низ вода или тој сака да им се одмазди на другите членови на раководствата на СДСМ кои гласале за овој закон“, се додава во реакцијата.