Заев “пуштен во вода“, сите го гледаат неговото тонење

Никој не го запира Зоран Заев во она што го има наумено да го направи. Ниту власта, очигледно, нема намера да го замолчи својот политички конкурент, туку го остава да ги објавува неовластено стекнатите разговори и на тој начин Заев се повеќе пропаѓа, објавува порталот Курир.

Заев од сите страни е “пуштен низ вода“, а неговиот политички противник го остава да се “дозакопа“ како политичар. Но, она што лидерот од Бихаќка го најави како “бомба“, одекна само како експлозија во неговото тесно опкружување.

Заев тоне во сопствените лаги. Излегува и се демантира самиот себе, покажувајќи ја пред јавноста својата дволична природа и нестабилност.

Се заплеткува во своите обвинувања, а со тоа само губи во очите на јавноста. Македонските граѓани јасно покажаа дека не сакаат и нема да дозволат деструкција, која некој има очигледна цел да им ја наметне. Македонскиот народ безброј пати досега покажа дека сака проекти, програма, вработувања, а не закани, деструкција и манипулација.

Она што јавноста најмалку го посакува и на што најмногу се противи е странско мешање во домашните работи.

Лидерот на опозицијата токму тоа се обиде да им го наметне, покажувајќи и докажувајќи дека тој соработува со странски разузнавачки центри, а тие преку него ја остваруваат својата цел да и наштетат на Република Македонија.

Но, она што како бумеранг го доби Заев, е уште една дамка на политичката кариера, уште еден чекор до политички потоп.

-Она што мене ми остава особен впечаток е дека овој непримерен однос на лидерот на опозицијата го означува почетокот на крајот на една тоталитаристичка и крајно декадентна левица и дека истиот претставува школски пример кој ќе се изучува во учебните помагала во иднина за тоа што се еден опозициски лидер не треба да стори во битката за освојување на електорат и власт. Секако тука е и правната рамка со која сосема јасно и децидно е утврдено дека објавувањето на приватните разговори на граѓаните на Република Македонија е казниво дело од минимум четири години затвор, како и дека основаното сомнение за соработка со странските служби претставува сериозна закана и за приватноста на граѓаните, како и за државниот поредок, вели Додовска за Курир.

Македонската јавност виде дека Зоран Заев заканувајќи му се на премиерот Груевски, јасно му дава на знаење дека материјалите ги стекнал од странските служби.

Заев пред јавноста обвини дека наредбодавачот за прислушување е првиот човек на УБК, Сашо Мијалков. Но, по само неколку дена Заев објави материјал од телефонски разговор на Мијалков, кој по сите логики не би можел самиот себе да се прислушува. Напротив, директорот на УБК им бил „цел“ на оние кои прислушувале.

Ова уште еднаш докажува и потврдува дека „пријателите од надвор“, како што Заев ги пишува во писмото до Верушевски, се токму оние кои сакаат да и наштетат на Македонија прислушувајќи македонски граѓани.

За нивна среќа, во земјава има човек како Зоран Заев кој со две раце се стрчал кон материјалите кои ќе и нанесат штета единствено на нашата нација.