Заев: Референдумот консултативен, утре нова лидерска средба

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по завршувањето на лидерската средба во Клубот на пратеници рече дека се разговарало референдумот да биде консултативен, а за утре најави нова лидерска средба.

На средбата разговараме за можното референдумско прашање во насока на „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција?“ Во услови кога Собранието треба да донесе некоја важна одлука, референудмот да биде консултативен, пред Собранието да донесе важна одлука. Сепак волјата на граѓаните сите партии ќе треба да ја почитуваат. За ова разговораме сите кои останавме на средбата до крај, рече Заев.

Тој го осуди демонстративното напуштање на средбата на Христијан Мицкоски, кој замина со образложение дека не му бил јасен концептот зошто претставници на сите парламетнарни партии не се присутни. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара да се одржи нова лидерска средба во помал состав, што Заев рече дека ќе се случи токму утре во 12 часот во Клубот на пратеници.

Премиерот додаде дека не му е јасно зошто Мицковски ја напуштил средбата и што точно има да каже, а не можел да каже сега пред пратениците во поширок состав. Заев потенцираше и дека нема да има амнестија.