Заев сака да го убеди народот за фалсификат кој го немало

Зоран Заев сликовито се однесува како сите ние да сме во една пустина и ни вели дека пред нас има планина, а никој од нас таа планина не ја гледа. Со други зборови сите оние кои учествуваа во изборите добро знаат дали имаше притисоци или закани.

Вака премиерот Никола Груевски ја коментира осмата „бомба“ по ред на Зоран Заев и обвинувањата кои ги даде во вторникот во Универзална сала.

-Оддеднаш се појавува Зоран Заев со разни креирани материјали со кои што не само нас, туку сите граѓани сака да ги убеди дека тие не гласале по сопствена волја, не гласале на начин како што гласале без било какви притисоци и закани или нешто слично што е незаконски, туку дека гласале под притисоци и со закани, така што затоа го дадов овој пример сите гледаат дека да речеме пред нас има пустина, а тој нè убедува дека има планина, ама ние не сме ја гледале, истакна Груевски.

Груевски посочи дека граѓаните на избори одлучуваат кој ќе ја води држвата. Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ издвои огромна победа на последните избори кои се одржаа пред само осум месеци.