Македонија

Заев сака насилства и конфликти, само за да дојде на власт

Зоран Заев свесно сака да предизвика конфликти во Македонија. После денешната прес конференција на сите разумни и совесни граѓани на Република Македонија, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци или други, се им станува јасно. Во желбата за власт за себе Зоран Заев е спремен да жртвува се, и мирот и стабилноста и економскиот развој, и соживотот помеѓу граѓаните, реагираат од ВМРО- ДПМНЕ на денешните „бомби“ на лидерот на опозицијата.

„После повеќе од три месеци малтретирање на сите граѓани и на целата држава со монтажи и манипулации Зоран Заев е свесен дека не наидува на поддршка кај граѓаните на Македонија. Неговите прес конференции немаат политичка тежина, неговиот политичко дејствување се сведува на сечени и монтирани материјали, кој тој ги прикажува во манипулативен контекст, збогатен со долги воведи и наратив кој не соодејствува со сечените материјали. Функцијата на воведите е да ги скандализира сечените материјали, да додаде тензија, предизвика немир кај граѓаните, да си поигра со емоциите и да провоцира, а во основа се дневни оговарања, разговори на различни теми какви секој човек практикува. Но суштината не лежи во креираните материјали, туку во она што навистина се случило. Реалноста покажува дека се она за што обвинува Заев е неточно.

Неговото погубно сценарио не е нешто што сакаат граѓаните на Македонија. Ниту еден разумен човек не сака конфликти, насилства, омраза и напади. Зоран Заев очигледно сето тоа го посакува за да дојде на власт, да ги сруши легитимните институции и да внесе хаос во државата.

ВМРО-ДПМНЕ сака да потенцира дека ова однесување на Зоран Заев е целосно неодговорно и нанесува далекусежни последици. Граѓаните на Македонија нема да дозволат еден човек и неговата неодговорност сите да не втурнат во патеки кои не ги посакуваме.

ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе продолжи да работи на стратешките приоритети на државата, без разлика на подметнувањата, монтирањата, сечењета на ленти и нивното ставање во целосно неточен контекст.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до граѓаните јасно и недвосмислено да му покажат на овој човек дека нема да му дозволиме да ја сруши државата, да ги руши меѓуетничките односи и да си игра со иднината.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која во минатите девет години, наместо ваква ниска политика, понуди многу проекти кои помогнаа на сите наши граѓани. Се зголемија пензиите, се намали партиципацијата на факултетите, се отворија нови факултети, се воведоа субвенции за земјоделците, се градат училишта и нови болници, се градат автопати и други патишта. Од овие проекти полза имаат сите, а од политиката на Заев штета имаат сите, и граѓаните, и економијата, и стабилноста, и меѓуетничките односи, и државата.

Зоран Заев оди по патека по која на крајот ќе остане сам. На една страна ќе бидат граѓаните кои сакаат стабилна и силна, економски развиена Македонија, на другата страна ќе биде сам и осамен Зоран Заев“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.