Заев самиот се демантира: Прво кажа дека самиот слушал разговори, потоа дека тоа го правеле луѓе од штабот

Заев повторно сам се демантира. Прво кажа дека самиот слушал разговори, потоа дека тоа го правеле луѓе од штабот. Речиси ниту едно телевизиско појавување на опозицискиот лидер Зоран Заев не може да помине без тврдења со кои самиот тој се демантира.

При вчерашното гостување во емисијата „Вин Вин“, Заев прво излезе со став дека самиот ги слушал разговорите, за веднаш потоа сам да се демантира и да тврди дека тоа го правеле луѓе од штабот на СДСМ, пишува „Курир“.

Заев: Само јас и Господ знаеме што се слушнав во целиот овој материјал!

Заев откако претходно предизвика бурни реакции во јавноста со неговата изјава дека Господ го црпнал од нивите, сега се поистовети со Господ, па рече дека само тој и Господ знаеле што се слушнал во целиот овој период, и дека тој бил гаранција за приватноста односно дека тие разговори немале да бидат злоупотребени.

Само јас и Господ знаеме што се слушнав во целиот овој материјал. Јас сум тој којшто најповеќе знае од тие материјали што има, рече Заев.


Веднаш потоа, Заев смени го смени ставот и практично призна дека тој не бил единствениот што ги слушал разговорите односно, како што рече, луѓе од штабот ги преслушувале и селектирале разговорите кој тој ги објавува.

Ќе го кажам примерот, селектираш 40 разговори кои што се однесуваат на темата и ги предавам во Центарот за комуникации, мојот кабинет, каде што тимот од СДСМ од тие 40 селектира 7-8, рече Заев.