Заев сам се фати во лага за аферата „Грчка хациенда“

Лидерот за СДСМ Зоран Заев продолжува да тоне секој ден сè повеќе со своите лаги. Тој сè повеќе се заплеткува во јавно искажаните лаги, откако за народот стана јасно дека зад аферата „Грчка хациенда“ стојат сомнителни работи. Јавноста се прашува како е можно Заеви да станале сопственици на луксузна хациенда на самиот брег на Егејското Море по толку ниска цена, објави „Курир“.

Порталот пишува дека Заев очигледно заборава какви одговори има дадено во интервјуата, па со самото тоа сам се фаќа во лага по кој знае кој пат. „Курир“ овде се повикува на интервјуто за МРТ  во кое што пред извесно време лидерот на СДСМ тврдеше дека ниту тој, ниту некој од семејството негово немаат имоти надвор од Македонија.

-Семејството Заеви се мои први братучеди, мои втори братучеди со презиме Заеви. Моите братучеди заедно со брат ми ги водат овие фирми во последните три, четири пет години, сигурно, може и повеќе. Сè што имаме нѝ е овде во Македонија, истакна Заев.

Како што и самиот Заев изјавува, тој не само што е роднински поврзан во Трајче и Бобан Заев, тој со нив е поврзан и преку својот капитал. Ова отвора сомнеж дека иако на договорите за луксузната трикатна куќа во Халкидики стојат имињата на првите братучеди на лидерот на СДСМ, вистинскиот сопственик може да е тој.

Токму Бобан и Трајче се своевидни чувари на фотелјата на Заев во фирмите во кои фигурираат како сопственици или раководители.  Од професионалната биографија на Заев, објавена на интернет страната на СДСМ, јасно се гледа дека тој управувал со фирмата „Тргопродукт“ до 2003-та година, кога станува пратеник, за на таа позиција да седи Бобан Заев. Компанијата „Еленица“ во која сопственик е другиот братучед на Зоран Заев, Трајче, до 2003-тата била управувана од лидерот на СДСМ.

Овие информации само го подгреваат основот на сомнеж дека првите братучеди на Зоран Заев како во фирмите, така и во останатото се јавуваат како „чувари“ на богатсвото и капиталот на братучедот Зоран. За скандалот да биде уште поголем, Зоран Заев дал десетици тендери на овие компании, но и на останати фирми кои се управувани или раководени од неговиот татко, брат, други братучеди, стрина, најдобри пријатели. Проценките се дека од буџетот на општина Струмица, каде градоначалник е Заев, фирмите од кланот Заев на годишно ниво добиваат по неколку милиони евра, пари на струмичани.

zaev-bio

Фирмата ЈАВОР-ТРАНС ДООЕЛ Струмица на бизнис партнерот на Вице Заев, остварила нето добивка од над 8 милиони денари, додека фирмата на таткото на истиот бизнис партнер, Горан Крстев остварила нето добивка од над 11 милиони денари. Компанијата ФРЕНКИ ДОО експорт-импорт Струмица на братучедот Трајче Заев, која во јавноста беше позната по скандалот со затруените корнишони во Хрватска остварила добивка од над 15.200.000 денари

Гореспоменатата фирма Еленица остварила нето добивка од 44.193.909 денари, а Пеон на братучетката Катерина и стрината Убавка остварила нето добивка од 20.647.778 денари. Трајче Заев е овластено лице и еден од главните во семјената фирма на Заеви, Еленица. Медиумите во повеќе наврати објавија дека токму оваа фирма од општина Струмица инкасирала милионски суми преку тендери. Ваквите податоци покажуваат дека најверојатно станува збор за една смислена операција за стекнување на неверојатно богатство на кланот Заев, а сето тоа врз грбот на граѓаните.

А во меѓувреме, Заев и СДСМ молчат и се без одговор за тоа дали грчката хациенда била платена во готово, како што стои во договорот. Долку е така, ова би било тешко кривично дело бидејќи според законите во земјава, државната граница може да се помине со најмногу 10.000 евра.

Покрај ова, останува отворено и прашањето околу неколкукратната пониска цена, како и кој ја платил разликата и што за возврат на тоа направиле Заеви. Јавноста без одговор, молк во СДСМ.

kuka_2500