Заев, СДСМ и платениците на СОРОС со сценарио за дестабилизација на Македонија преку „Ал Џезира“

СДСМ е соочен со немањето ефекти и поддршка од народот како што се надеваа и очекуваа. Заев нервозен и исплашен од доказите кои се против него, се обидува Македонија да ја втурне во дестабилизација, меѓуетнички и меѓуверски тензии, објави Курир.

Неколку пати досега СДСМ покажа дека по сопствениот пад и неуспех, сакаат да го вовлечат и народот со нив. СДСМ сега повторно се води од девизата дека падот на партијата треба да биде и пад на Македонија, сакајќи на тој начин да го казнат народот што не им ја дава довербата која толку ја посакуваат.

Врвот на СДСМ и нивните жестоки поддржувачи се обидуваат да исценираат меѓуетнички тензии во Македонија, а  кулминацијата, барем засега, ја достигнаа со гостувањето на емисијата емитувана на Ал Џезира, телевизија која има анти македонски позиции и го промовира радикалниот ислам. Скандалозната емисија која предизивикува гадење кај народот, отворено стимулира креирање на тензии и поделба меѓу народот во насока на конфликност поткрепено со изјавите на врвот на опозицијата, платениците на СОРОС и претседателот на ветерани на УЧК.


Покрај тоа што во емисијата, овие лица ја претставија Македонија како заостаната земја, а македонските војводи се претставени како лажни херои на коњи базиран на грчката и бугарската историја, тие отворени се залагаат и за дестабилизација и меѓуетнички тензии во Македонија.

Борјан Јовановски лично за Ал Џезира изјави дека во Македонија не живеат Македонци, туку Словени.

-Создадоа голема поделба меѓу македонското население.  Ние сме дел од тоа население и ние и натаму ќе продолжиме да  бидеме Словени. Меѓутоа, постои и друг дел од населението кои изненадно станаа Антички Македонци, рече Јовановски.

Во јавноста не стивнуваат коментарите по емитувањето на емисијата. Граѓаните се згрозени, а социјалните мрежи преполни со коментари дека оваа телевизија токму поради поддршката на радикалниот ислам е затворена во неколку земји. Дел од граѓаните наместо Al Jazeera, телевизијата ја нарекуваат Lie Jazeera, алудирајќи на тоа дека во емисијата се изнесени голем број невистини. Дел од коментарите на социјалните мрежи може да прочитате во продолжение.

komentar2-500

komentar500

komentar1-500

komentar3-500

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.