Заев се фати во сопствената лага: СДСМ загубила на регуларни избори

Сакајки да поентира, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев денеска повторно се фати во сопствената лага. Заев обелоденувајќи ги искреираните материјали за кои според експертите нема сомнение дека се од странски центри и нивни агентури овде, се дозна дека власта не спремала никаков изборен фалсификат како што посочува СДСМ и дека СДСМ загубила на тие избори на сосема легитимен и легален начин, односно ВМРО-ДПМНЕ победува на демократски избори, објави Курир.

Во материјалите кои ги посочи Заев во еден дел се гледа како првиот човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, јасно става до знаење дека на изборите се мора да биде според закон и нема да има простување за никого, секој оној кој ќе го прекрши законот, ќе одговора.

Според аналитичарите, оваа снимка што денеска ја објави лидерот на опозицијата укажува дека во земјава, и покрај тврдењето на опозицијата за бројни нерегуларности, изборите биле регуларни, при што било нагласено строго почитување на законските правила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.