Заев се надмина себе си во ултра брзото менување ставови

Првиот човек на СДСМ Зоран Заев се надмина себеси во ултра брзото менување на сопствените ставови. Заев ги послуша советите на Владимир Милчин, Бранко Героски, Сашо Орданоски и Љубомир Фрчкоски па реши да ги прекине преговорите во Брисел. Сепак, не издржа ниту четири часа и го смени својот став, пишува порталот „Курир“.

„Курир“ во текстот објавен денес потсетува дека откако првично во текот на вчерашниот ден опозицискиот лидер свика прес конференција и објави дека нема да присуствува на закажаниот состанок со еврокомесарот Јоханес Хан на 10 јуни во Брисел, поради тоа што изјавата на еврокомесарот дадена во Вашингтон била „пристрасна и несоодветна“,  Заев вчера испрати соопштение во кое кажува дека се враќа на разговорите во Брисел за надминување на политичката криза.

-Отворена е можноста Заев да присуствува на средбата на 10 јуни во Брисел, соопштија синоќа од партијата.

„Курир“ наведува дека ваквите потези на Заев експертите ги оценуваат како очајна игра на опозицискиот лидер чија крајна цел е да се избегнат избори.

„Тие додаваат дека нему му е сосема јасно дека на фер избори кога и тие да се одржат СДСМ повторно ќе ги загуби, бидејќи граѓаните не го поддржуваат неговото деструктивно сценарио“, пишува порталот.

Во текстот се наведува дека од друга страна се поевидентно е дека несериозноста на Заев и СДСМ е всушност показател за неодговорноста на раководството на СДСМ и играње со судбините на граѓаните, а особено на нивните поддржувачи кои беспоговорно и слепо ги слушаат постојаните силења и бодрења, повиците на протести на Заев кои редовно завршуваат како фијаско.

„Во момент кога граѓаните со полн здив ги следат сите случувања и кога е неизвесна стабилноста, Заев применува провидни таткити. Очајната игра на Заев е прочитана и од странците и од домашните партии како ВМРО-ДПМЕН, ДУИ и ДПА кои не регираа на ставот на Заев за напуштање на преговорите, препознавајќи ја неговата игра“ ,  се вели во текстот.

„Курир“ се повикува и на Фејсук објавата на новинарот и добар познавач на состојбите Васко Ефтов кој вели дека во Македонија немаме проруска власт и американска опозиција или обратно како што беше случајот во Украина. Тој смета дека кај нас имаме и проамериканска власт и проамериканска опозиција.

– Кога на теренот имате две проамерикански структури ( како што беше случајот во Турција на пример ) тогаш е важно кој го контролира теренот. Кога Груевски покажа поголема сила на терен ( со анкети за мерење на рејтингот и преку “ефективно” практицирање на власта ) му беше лесно да влезе во пазарење со Американците: Се откажа од Турскиот Тек и смени тројца од петмината свои најблиски соработници. За да може да парира на тоа на Заев му се потребни политички и етнички конфликти во Македонија. И тоа е суштината на целиот проблем. Затоа власта сака да оди на избори за да ја ефектуира својата предност во контролата на теренот, а опозицијата не сака да оди на избори бидејќи нема посакувана сила на теренот, пишува Ефтов.

Според „Курир“ со ова практично уште еднаш се докажува тезата дека СДСМ по секоја цена сака да стигне на власт без избори. Најголемата македонска опозициска партија сака и меѓуетнички тензии и играјќи на таа карта сака да мобилизира граѓани против Владата.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.