Заев се откажа од беломорските Македонци и македонските топоними, а Македонија е – „мојата земја“

Премиерот Зоран Заев во интервју за грчката национална телевизија ЕRТ и уште пред да стапи договорот на сила договорот за името со Грција, се откажа од Mакедонците во Беломорска или Егејска Македонија и од македонските топоними таму, па така за Заев Солун повеќе не е Солун, туку Тесалоники.

Mакедонците во Грција не се Mакедонци, туку „наши пријатели“ кога одиме во Тесалоники, според искажувањето на премиерот Заев

„Значи ние го прифаќаме хеленистичкиот македонски идентитет и немаме ништо против тоа и го признаваме. Тоа се веројатно наши пријатели кога сме присутни во Тесалоники, на краците“, вели Заев во интервјуто за ЕРТ.

Според Заев, македонскиот народ има друг идентитет и нема ништо со античката историја, која тој ја нарекува хеленистичко македонска историја, која според него ѝ припаѓа на Грција. Така откажувајќи се од Александар Македонски, Филип Втори, целата антика се до средниот век, историја која според договорот е грчка.

„Ние сме различни во рамките на овие граници, со нашата посебност, со нашата култура, со нашата историја“, заклучува Заев.

А откакочетвртокот грчкото Министерство за надворешни работи реагираше на тоа што Заев го употреби терминот „македонска армија“, тој во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ воопшто не го спомена името „Македонија“, туку се обраќаше со „мојата земја“.

„Договорот веројатно сам по себе покажува дека не е лесен и заради тоа е вака отворената дебата. Но, се работи за две демократски земји, убаво е да има дебата. Дебатата на крајот ќе ја донесе вистината, а вистината е дека со договорот се убедуваме да градиме пријателство, да обезбедиме добра иднина, која што пред се ќе ја гарантира иднината на граѓаните на Грција и на мојата земја“, рече Заев во интервјуто за грчката телевизија.

Инаку, грчкиот весник Катимерини вчера ја пренесува реакцијата на грчката дипломатија, упатена до Заев. Завчера се одржа свечена церемонија, на која Заев и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ги пречекаа 125-те нови професионални војници на Армијата. На свеченоста Заев, истакна дека тие се иднината и безбедноста на Република Македонија.Тој посочи дека оваа генерација професионални војници треба да биде особено горда бидејќи е првата генерација војници кои ќе ѝ служат на својата земја како земја членка на НАТО-алијансата.

„Премиерот на БЈРМ, Зоран Заев, во изјава за време на свечениот прием на нови војници, зборуваше за ‘македонска армија’, која ќе биде членка на сојузот на НАТО. Грчкото Министерство за надворешни работи реагираше на неговата изјава истакнувајќи дека изјавата ја нагласува важноста да се имплементира Преспанскиот договор. Тоа е затоа што договорот експлицитно наведува дека агресивното определување на државата, нејзините официјални тела и други јавни ентитети ќе бидат во согласност со новото име на земјата, односно во овој случај, Северна Македонија“, се вели во соопштението на грчкото МНР кое беше пренесено од Катимерини.