Заев се сретна со шефот на Делегацијата на Ад-хок комисијата на ПССЕ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од членката на Извршниот одбор на СДСМ и членка на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Рената Дескоска, денеска се сретна со Штефан Шенах, шеф Делегација на Ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, придружуван од членови на Комисијата.

На средбата, како што информираат од СДСМ, се разговараше за актуелната политичка криза во Македонија по неисполнетите услови за фер и регуларни избори во Македонија и апсурдната одлука на Ѓорге Иванов за аболиција на претставници на високиот врв на власта за кои се отворени истраги, меѓу другото и за изборен криминал.

Трите клучни услови за регуларни избори не се исполнети што е јасно и за домашната и за меѓународната јавност. Избирачкиот список не е прочистен, медиумски реформи не се спроведени, партијата не е одвоена од државата. Кулминација на погазувањето на Договорот од Пржино од страна на власта е срамната одлука на вршителот на функцијата претседател на државата, Иванов, за аболиција, поради што незадоволството на граѓаните се излеа по улиците. Решение за ситуацијата е повлекување на незаконската одлука на Иванов и организирање и реализација на фер и регуларни избори на коишто ќе биде избрана кредибилна Влада, соопшти претседателот Заев.

Констатирано е дека продлабочувањето на политичката криза води кон нестабилност за земјата. Претседателот Заев нагласи дека СДСМ поддржува ненасилни и мирни граѓански протести и порача дека за добрата иднина на Македонија неопходно е  исполнување на клучните предуслови за фер избори и учество на сите политички субјекти во земјата на регуларни избори.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.