Заев се сретна со претседателот на новоформираната Партија на Македонците во Србија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари работна средба со претседателот на новоформираната Партија на Македонците во Србија, Горан Илијевски.

Како што информираат од СДСМ, централна тема на средбата била актуелната ситуација на малцинските партии во Србија, нивното учество на следните избори во Република Србија како и положбата на Македонците во соседните држави.

Претседателот Заев очекува Македонците во Србија да придонесат за напредок на државата во којашто живеат но и за зајакнување на врските со Република Македонија.

Очекувам да се зајакнат врските со Македонија и взаемно да се градат односите помеѓу двете земји. Ви посакувам да имате успех во ваша убава мисија за сите нас. Сметајте на нас, ја имате нашата поддршка, рече претседателот Заев.

Претседателот на новоформираната Партија на Македонците рече дека само со унапредување на добрососедските односи може да се зајакне улогата на македонците коишто живеат во соседните држави.

Мораме да ги подобруваме и негуваме односите со нашите соседи. Само со унапредување на меѓусоседските односи можеме да ги јакнеме позициите на македонците во земјите вокоишто живеат, рече Илиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.