Заев се сретна со унгарскиот амбасадор

Заев се сретна со унгарскиот амбасадор
Заев се сретна со унгарскиот амбасадор

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Р.Унгарија во Р.Македонија, Јосеф Бенце.

На состанокот се раговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија, шансите за реализација на преземените обврски со Договорот од 2 јуни / 15 јули, ризиците од скршнувањето од европскиот пат, односите помеѓу двете земји.

Амбасадорот Бенце изрази очекување за брзи и ефективни реформи и во критичните области што ги посочи и експертската група на Прибе. Тоа се професионална администрација, независно судство, слободни медиуми, реализација на Охридскиот договор. Заеднички е констатирано дека е опасно Македонија да ја изгуби препораката за ЕУ, посебно што станува збор за мала држава, со кревка и нестабилна економија, мултиетничка држава којашто сега е соочена и со светската бегалска криза, стои во соопштението на СДСМ.