Македонија

Заев се уплаши од народот и навави вонредна „бомба“

Заев се уплаши од народот и навави вонредна „бомба“

Во пресрет на собирот кој неколку дена претходно владејачката ВМРО-ДПМНЕ го најави, а кој ќе се одржи денеска точно на пладне во СЦ „Борис Трајковски“, лидерот на СДСМ Зoран Заев исплашен на народот најави вонредна прес-конференција.

Заев половина час претходно, во 11:30  закажа прес-конференција на која е најавено дека ќе биде објавена десеттата “бомба“. Ваквиот потег на лидерот на СДСМ говори дека Заев се исплаши од настанот на ВМРО-ДПМНЕ и големиот одзив на граѓаните за овој собир.

Според информациите, советите кои стигнале до Заев е дека ваквата прес- конференција би требало да го “поклопи“ собирот на ВМРО-ДПМНЕ, но за познавачите на настаните тоа е грешка, бидејќи наивно е да се смета дека прес-конференција може да покрие собир на кој се очекуваат да присуствуваат илјадници граѓани.

Иницијативата за големиот собир што ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ според ВМРО-ДПМНЕ дошла од општинските комитети.

– Јавноста низ целата држава ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, ќе се испратат јасни пораки, за она што се залага и за она што го планира во наредниот период, стои во текстот објавен на веб-страната на ВМРО-ДПМНЕ.

Влезот на настанот во салата „Борис Трајковски“ е слободен за сите граѓани на Македонија, поддржувачи и симпатизери на партијата.