Заев се закани: Или Специјален обвинител, или бомбите ќе продолжат

Заев се закани: Или Специјален обвинител, или бомбите ќе продолжат
Заев се закани: Или Специјален обвинител, или бомбите ќе продолжат

Нема гаранцја дека до 15 септември ќе се изгласа Специјален јавен обвинител, но ако опозицијата нема да има кому да ги предаде „бомбите“ нивното објавување ќе продолжи, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој денеска е во посета на Струга.

Ние се изгоревме неколку пати, и од процесите што беа прогласени за тоалет хартија, и од многу други, би ги нарекол, перфидни и нелогични дејствувања од моќната власт којашто девет години владее и се оддалечи од граѓаните и сега им е тешко да се приземјат назад. Но, тука е меѓународната заедница, со своите претставници, коишто беа модератори на ова што го постигнавме и се гарантори. Секогаш се овде да дадат чекор кон исполнување на договорот. Една работа да биде јасна за сите. Ако има Специјален јавен обвинител на 15-ти септември тогаш сме исполниле едно поглавје од договорот. Но, тоа не значи само исполнување, тоа значи дека Заев и опозицијата ќе има кому да му ги предадат материјалите. Ако нема кому да ги предадеме материјалите „бомбите“ продолжуваат и око нема да ни трепне, истакна Заев, одговарајќи на новинрско прашање.

Тој објасни дека во моментот се преговара за таканаречениот специјален јавен обвинител, којшто ќе биде надлежен да отвори постапки пред истражни органи за тоа што произлегло од прислушувањето. Посочи дека решение мора да се најде, но призна дека ниту опозицијата ниту власта не биле до крај на чисто за тоа што би требало да биде решението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.