Заев се заканува на народот и на државата (видео)

 

Зоран Заев, лидерот на СДСМ во интервју во кое најавува немири доколку не биде по негово. Во интервју за интернет-верзијата на А1, Заев вели „Ако не се случи да се обезбеди слободата и гаранцијата за слобода на секој граѓаниин, ние ќе ја преземе обврската сами да ја заштитиме нашата слобода“, пренесува, „Република“

– Мора да дадеме шанса на преговорите, секако до одреден момент. Доколку не се успее, ќе се истурат граѓаните по улиците, а јас сум должен тоа да го водам– најавува Заев, па додава дека дека не може и вечно да се преговара со помош на меѓународната заедница.

– Преговори до одреден момент, ако не се реши, ќе се истурат луѓе по улиците, а јас ќе ги водам- вели Заев.

Tоа се и причните зашто ги правиме овие протести низ градовите, се обидуваме на еден начин да ги канализираме гневните реакции на граѓаните зашто веруваме дека до крај треба да се даде шанса на се друго, освен истурање на гневот на улиците. Но на крајот, ако не се реши на поинаков начин работата, дали со меѓународно посредништво или слично, јас сум должен да го предводам нашиот народ кон враќањето на слободата и демократијата. Ако не успее целиот овој процес, многу брзо е времето кога тоа ќе се случи …“, вели Заев.

Заев и натаму продолжува со уцените и заканите кон народот и државата. Најавите за немири тој ги дава во моменти кога се водат преговорите во Брисел, а и од САД директно е посочено дека се очекува Заев да си ги пушти пратениците во Собранието. Соочен дека останува без поддршка, вината ја префрла кон странците, а не кон својата политика, со оценката дека „излегувавме досега понижени од преговори, со наведната глава се вративме во парламентот“, а притоа „Што направи меѓународната заедница да го запре ова злосторство?“.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.